Видео Шпанија
Реал Бетис, Барселона, Лионел Меси, Ла Лига
Canales (пенал) 6′1 – 0
1 – 1F. de Jong (ас. L. Messi) 9′
N. Fekir 26′2 – 1
2 – 2Busquets (ас. L. Messi) 45’+3
2 – 3C. Lenglet (ас. L. Messi) 72′

Домаќините на двапати имаа предност, но на крајот Барселона слави победа од 2:3 во Севиља.

Бетис доби пенал во шестата минута, поради игра со рака, во казнениот простор, на Ленгле. Каналес беше прецизен од белата точка, за рано водство на домаќините. Само три минути подоцна, Меси одлично асистираше до Де Јонг за 1:1.

Домаќините поведоа, по вторпат, со голот на Набил Фекир во 26-тата минута. Сепак Бускетс, на асистенција на Меси, ја однесе Барса со 2:2 на полувреме.

Капитенот на каталонците, Лионел Меси асистираше, од слободен удар, на Ленгле во 72-та минута, со што направи хет-трик со асистенции.

Барселона се намачи на гостувањето кај Бетис, но си оди со големи три бода, во битката за титулата. Имено, каталонците се враќаат на три бода негатива во однос на лидерот Реал Мадрид. Бетис пак падна на 13-тата позиција, со 28 бода.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *