Англија Видео
Манчестер Јунајтед, Челси, Премиер Лига
0 – 1A. Martial (ас. A. Wan-Bissaka) 45′
0 – 2H. Maguire (ас. Bruno Fernandes) 66′

Во едно од најголемите дербиња на 21-от век, Челси го пречека Манчестер Јунајтед на “Стемфорд Бриџ”, во дуел кој сезонава може да биде и одлучувачки во борбата за место кое води во Лигата на Шампиони.

Во првото полувреме и двата тимови како да не сакаа да се отворат и претпазливоста да не примат гол како да беше императив, а креативноста во втор план.

Имаше ситуација во која имаше елементи и за исклучување на Хари Мегвајер, поради насилен фаул без топка над Батчуаи, но ВАР тимот процени дека нема доволно елементи за црвен картон.

Во 45-та минута Марсијал одлично реагираше на центаршутот на Ван Бисака и со глава погоди неодбранливо, за водство на “црвените ѓаволи” од 0-1.

Во 56-та минута нововлезениот Курт Зума начека на волеј топка нафрлена од корнер и погоди за изедначување за “сините” и за голема еуфорија на “Стемфорд Бриџ”. Сепак, по прегледување на ВАР снимките, судиите решија да го поништат голот, поради фаул на Азплиликета над Вилиамс. Ваквата одлука наиде на големо негодување, пред сè затоа што капитенот на “сините” во истата турканица првично беше оттурнат од Фред, пред тој самиот да го турне младиот Вилиамс.

Десетина минути по поништувањето на голот на Зума, во 66-та минута, Хари Мегвајер беше највисок во домашниот шеснаесетник и погоди со глава, со што ја зголеми разликата на 2 гола во корист на “црвените ѓаволи”. Ова беше прв гол за Мегвајер за Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата.

Во продолжение Френк Лампард реши да му даде шанса и на Оливие Жиру, кој многу ретко добива минутажа сезонава. Французинот имаше неколку одлични асистенции за своите соиграчи, кои не успеаа да реализираат, а во 77′ тој успеа и да погоди со глава, но по прегледување на ВАР снимките голот беше поништен поради минимален офсајд.

До крајот Челси не успеа да погоди и со ова Манчестер успеа и по втор пат да ги порази “сините” во Премиер Лигата сезонава.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *