Англија
Мино Рајола, Оле Гунар Солскјер, Пол Погба, Манчестер Јунајтед

Италијанскиот суперагент Мино Рајола не чекаше многу да му врати на Оле Гунар Солскјер. Имено, менаџерот на Манчестер Јунајтед пред неколку дена изјави: “Пол Погба е фудбалер на Манчестер Јунајтед, а не на Мино Рајола”.

“Пол не е мој, и со сигурност не е на Солскјер, Пол е на Пол Погба. Не може да поседувате човечко битие никаде во светот. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА Солскјер НЕ САКА ДА СУГЕСТИРА ДЕКА ПОЛ Е НЕГОВ ЗАТВОРЕНИК.

Пред Солскјер да коментира за работите што ги имам кажано, подобро би било убаво да ја прочита целата содржина. Јас сум слободен граѓанин, и може да мислим и да се изразувам. До сега можеби бев премногу фин со него.

Мислам дека Солскјер е исфрустриран поради други причини, и сега ги помеша работите. Мислам дека тоја има други грижи. БАРЕМ АКО ЈАС БЕВ НА НЕГОВО МЕСТО – ЌЕ ИМАВ”, стоеше во изјавата на Рајола.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *