Шпанија
Лионел Меси, Барселона, Еибар, Ла Лига

Тренерот на Еибар Хосе Луис Мендилибар не верува дека ѕвездата на Барселона Лионел Меси ќе го пропушти саботниот дуел меѓу двата тима на “Камп Ноу”. Аргентинецот имаше напорна седмица со многу патувања, но според стратегот тоа нема да му попречи да настапи утре.

“Не верувам дека ќе го пропушти натпреварот. Тој се одмора за време на играта, бидејќи знае кога да се мобилизира и да се вклучи во акција. Тој пати повеќе кога гледа од трибините. Се сеќавам на еден период кога бев тренер на Осасуна, и имавме гостување кај Барселона. Меси имаше труење, пропушти трениннг, но влезе како резерва и покрај тоа што веќе губевме со 2:0. Ни даде два гола и загубивме со високи 4:0”, сподели Мендилибар, кој очигледно има повод за страв од Аргентинецот.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *