Шпанија
Ривалдо, Барселона, Лионел Меси

Бразилската легенда на Барселона, Ривалдо е загрижен од трансфер политиката на клубот. Според него одговорните луѓе ја запоставиле работата и затоа клубот ги сноси последиците.

“Тимот е сè повеќе зависен од Лионел Меси – напиша Бразилецот на својата редовна рубрика за Betfair. – Неговото значење за клубот постојано расте и веќе е со гигантски размери. Тоа го осознавате кога противниците ќе го сопрат, или самиот тој не игра на нивото кое сме навикнати да го гледаме. Проблемот е во лошото планирање на трансферите. Ситуацијата стана уште полоша зимава. Клубот остава некои играчи да си заминат, а во исто време не наоѓа соодветни замени. Кога има голема конкуренција, тогаш и тимот игра подобро.”

Ривалдо не е воодушевен од новиот тренер Кике Сетиен, кој на 13 јануари го замени Ернесто Валверде. “Со овој менаџер Барселона ги започнува нападите уште од својата половина, што може да биде доста ризично. Најзагрижувачки е што нема играчи кои се осмелуваат да шутираат од далечина, со што би го изненадиле противникот. Во моментов фудбалерите се обидуваат да погодат само кога се во шеснаесетникот на противникот”, сподели светскиот шампион.

Сепак, тој мисли дека Барса е благ фаворит во големото Ел Класико, кое се игра неделава во 21 часот на “Сантијаго Бернабеу”.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *