Видео Шпанија
Лионел Меси, Барселона, Реал Сосиедад, пенал
L. Messi (пенал) 81′  1 – 0
Jordi Alba 90’+6
(асистент Ansu Fati) 
2 – 0

Каталонците се изнамачија со Реал Сосиедад, но на крајот слават важна победа и нови три бода, со кои ќе бидат барем до утре први во Ла Лига.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на капитенот Лионел Меси, од пенал во 81-та минута. Најстрогата казна беше досудена со задоцнување, со помош на ВАР се утврди дека еден од играчите на гостите играше со рака во казнениот простор.

Само неколку минути подоцна Начо Монреал падна во шеснаесетникот на Барселона, но судијата не досуди пенал сметајќи го контактот на Гризман, од зад грб, недоволен за најстрога казна.

Во самата завршница од натпреварот, домаќините погодија за 2:0 благодарение на одличната асистенција на Ансу Фати за Жорди Алба, но голот беше веднаш поништен од ВАР, поради претходен офсајд.

Барселонасо 58 бода, 2 повеќе од Реал Мадрид, барем до утре ќе биде прва на табелата. “Кралевите“ му гостуваат утре на Бетис, од 21 часот. Реал Сосиедад останува сигурен на шестата позиција со 43 бода, и сè уште има реални шанси за место што води во Лигата на шампионите.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *