Италија
Ешли Јанг, Интер, коронавирус

Фудбалерот на Интер Ешли Јанг го раскажа своето искуство за ситуацијата во Италија за време на пандемијата од коронавирусот, а притоа ги советуваше своите следбеници на Твитер како да се заштитат од вирусот.

“Здраво на сите, сакам само да го споделам моето искуство и мислење за животот во Италија, која е епицентар на вирусот во Европа. Во моментов главен ризик за зараза е одењето до супермаркет. Кога зборувам со семејството и пријателите, одењето по храна звучи лудо и опасно. Запомнете, изолацијата значи изолација! Во Италија одењето до супермаркет е организирано и мирно… нема караници за храна, нема празни полици и нема вообразени вработени. Во повеќето случаи само еден човек пазари за едно домаќинство.

Ве молам прочитајте го следново и споделете, ако досега не сте. Навистина е време да го дадете вашиот придонес во борбата против оваа глобална криза, во која се наоѓаме! Да чекаме во редици пред маркетите е нормално, но не треба да бидеме алчни. Продавниците го ограничуваат бројот на луѓе во нив, така да никогаш нема гужва. Затоа мирно и љубезно чекајте за вашиот ред. Секогаш носете ракавици. Не треба да допирате количкии и корпи користени од други луѓе. Бидете со ракавици додека не се вратите дома.

Користете маска за лице или шал за да ги заштите устата и носот. Секогаш држете одредено растојание во редицата за плаќање. Држете ја количката позади вас пред плаќање на каса, на тој начин ќе бидете сигурни дека луѓето нема да се доближат премногу блиску до вас. Не ги ставајте вашите продукти веднаш до туѓите. Овде не може да ги ставаме продуктите на лента додека не помине редот на клиентот пред нас. Ова може да звучи грубо, но однесувајте се со сите, надвор од вашето семејство, како да се заразени со вирусот. Едноставно не може да знаете! Најважно: останете во безопасност! Тоа го правиме овде. Ништо од ова не е претерано, туку безопасно. Запомнете дека и другите треба така да постапуваат со вас. Не е грозно, туку начин за оддржување на растојание, кој помага во спасувањето човечки животи”, беа дел од советите на Јанг.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *