Англија
Педро, Челси

Крилниот фудбалер на Челси Педро Родригес потврди дека на крајот на сезонава ќе го напушти клубот. 32-годишниот Шпанец нема да брза со одлуката каде да ја продолжи кариерата додека не помине пандемијата од коронавирусот.

“Да, мојот договор истекува и ќе си тргнам од Челси, но сега тоа не е најважната работа, бидејќи дури не ни знаеме кога ќе започнеме повторно со тренинзи. Во моментов важно е сите да покажеме солидарност”, изјави Педро за Cadena Ser.

“Еден од нашите фудбалери (Хадсон-Одои) се зарази со коронавирус, и затоа бевме ставени цел тим под карантин. Добро е што брзо оздраве и што сите сме добро сега. Многу ми е тажно за вестите кои доаѓаат од Шпанија. Уште еднаш сакам да им оддадам благодарност на сите здравствени работници, полицајци и луѓето кои работат во супермаркетите. Ви благодарам за сè што правите. Се надевам наскоро ќе го запреме овој вирус”, додаде Шпанецот.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *