Англија
Фабрегас, Чаби Алонсо, Арсенал

Поранешниот капитен на Арсенал и моментален играч на Монако, Сеск Фабрегас откри дека летото 2009 година Чаби Алонсо имал силна желба да стане дел од “топџиите”. И покрај тоа, искусниот играч за врска го напушти Ливерпул и замина во Реал Мадрид за сума од 34.5 милиони евра. Фабрегас ги наведе и причините поради кои го напушти Арсенал, за да се врати во матичната Барселона.

“Цело лето бев на телефон со Чаби Алонсо. Тој посакуваше да дојде во Арсенал. Буквално бараше помош на сите страни за да дојде во тимот. Јас правев се возможно за да му помогнам. Зборував со сите луѓе во тимот, дадов мое мислење за него, и мислев дека ќе беше големо засилување за нас. Памтам дека зборувавме цело лето. Ме прашуваше што се случува. Навистина е жално што не дојде. На неколку пати се разочарав од недостатокот на квалитетни засилувања во тој период. Беше толку блиску до трансфер… Ако даден играч сака да направи трансфер, тогаш е лесно да се направи зделката. Не сум директор, ги гледам работите само од гледна точка на фудбалер.

Бев капитен и имав голем притисок. Тој тим требаше да освои нешто, а јас дадов сè од себе си. Секогаш кога губевме јас се затворав дома плачејќи. И покрај тоа, кога се качував во клупскиот автобус ги гледав моите соиграчи како се смеат и се договараат каде да се забавуваат ноќта. Настапи момент во кој се почувствував сам во потрагата и борбата за победи. Ако не беше однесувањето на некои од моите соиграчи, сигурно ќе останев. Во еден момент сфатив дека само Робин ван Перси и Самир Насри беа на моето психичко и техничко ниво. Не го зборувам ова од арогантност, едноставно така се чувствував. Откако одлучив да заминам во Барселона, очекував една седмица одговор од Арсенал, бидејќи тие сè уште беа мојата прва опција, но Арсен Венгер не реагираше на никаков начин да ме разубеди да останам”, сподели Фабрегас за Arseblog.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *