Трансфери
Пол Погба, Кристијано Роналдо, Јувентус

Италијанскиот шампион Јувентус спрема понуда за Пол Погба вредна 50 милиони евра плус еден од Пауло Дибала и Миралем Пјаниќ. “Старата дама” има конкуренција за ангажман на својот поранешен фудбалер во шпански Реал.

Светскиот шампион Погба има договор со “црвените ѓаволи” до летото 2021 г. поради што сè посилни се гласините за негово напуштање на “Олд Трафорд” уште летово.

Дибала беше близу до трансфер во Манчестер Јунајтед уште минатото лето, но тогаш зделката пропадна, а главна причина биле високите барања на Аргентинецот. На крајот, напаѓачот остана во Торино, каде има одлична сезона, поради што Јувентус планира да му понуди нов договор.

За Пјаниќ пак сè почесто се шпекулира дека ќе ја напушти “старата дама” по крајот на сезонава. Формата на Босанецот значително падна сезонава, а и Маурицио Сари претпочита да игра со Матуиди и Рамзи во средниот ред.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *