Англија Видео
Torreira celebrates against Huddersfield

“Топџиите” последен пат загубија на гостувањето кај Челси со 3:2, во второто коло од Премиер лигата.

Арсенал влегоа добро во натпреварот, имаа неколку одлични шанси, но Аубамејанг и Лаказет не се снајдоа најдобро во противничкиот шеснаесетник. Имаше и еден дискутабилен офсајд на Лаказет, при што многу лесно можеше да го отвори резултатот.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна, деструктивецот од средниот ред, Лукас Тореира кој со прекрасен волеј во самиот петерец реализираше на асистенција на Абумејанг. Ова е втор гол за Тореира во дресот на Арсенал.

Арсенал се искачи на 3-тата позиција на табелата, но со натпревар повеќе од Челси и Тотенхем.

Во прилог погледнете ги поинтересните случувања на натпреварот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *