Англија Видео
Abumeyang, Watford - Arsenal
0 – 1 P. Aubameyang 10′

“Топџиите” стигнаа до првиот натпревар без примен гол на гости, а до сега беа единствената екипа со такво неславно постигнување. Но, поважно е дека тимот на Унаи Емери си оди дома со 3 бода и повторно се на 4-тата позиција на табелата.

Домакините почнаа самоуверено и имаа поголем дел од играта во почетните неколку минути. Но гостите стигнаа до водство веќе во 10-тата минута од натпреварот, со голот на Абумејанг кој успеа да му ја украде топката на домакинскиот голман – Бен Фостер. За несреќата да биде поголема за Ватфорд, само една минута подоцна, капитенот Трој Дини заработи директен црвен картон поради удар со лактот на Лукас Тореира.

Ватфорд продолжи да игра добро и офанзивно, и имаа неколку прилики за гол. И покрај многуте шанси за гол на двете страни, резултатот остана 0:1.

Ватфорд останува на средината на табелата со 46 бода, а Арсенал се врати во топ 4. “Топџиите” имаат 66 бода, исто колку петопласиранот Челси кој има натпревар повеќе. Тотенхем е трети со 67, а Манчестер Јунајтед сè уште е во игра за топ 4, со 64 бода.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *