Германија Трансфери
Lucas Hernandez

“Баварците” официјално го потврдија ангажманот на дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандес. Зделката е рекордна за Бајерн Минхен, кој летово ќе искешира 80 милиона евра, колку што изнесува откупната клузула во договорот на Французинот.

Ернандес ги поминал медицинските прегледи за време на националната пауза, а договорот со Бајерн ќе биде на 5 години.

“Денес е многу важен ден во мојата кариера. Бајерн е еден од најдобрите клубови во Европа и светот. Горд сум што ќе имам шанса да се борам за сите трофеи, што отсекогаш било цел на Бајерн Минхен. Сакам да се заблагодарам на Атлетико, на раководството, тренерите, соиграчите и навивачите за прекрасните 12 години поминати заедно. Атлетико засекогаш ќе биде дел од мене.”, изјави Ернандес за официјалниот сајт на Бајерн Минхен.

Ова е второ засилување на “Баварците” во одбраната, откако претходно го ангажираа, репрезентативниот колега на Ернандес, Бенжамин Павард од Штутгарт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *