Видео Германија
Bayern Munich - Borussia Dortmund, Bundesliga
M. Hummels 10′ 1 – 0
R. Lewandowski 17′ 2 – 0
Javi Martínez 41′ 3 – 0
S. Gnabry 43′ 4 – 0
R. Lewandowski 89′ 5 – 0

Баварците одиграа одличен натпревар и слават висока победа од 5-0 против директниот конкурент за титулата.

Тимот на Нико Ковач влезе фуриозно во натпреварот. Поведоа во 10-тата минута со голот на, поранешниот капитен на Дортмунд, Мат Хумелс – кој одлично биеше со глава на нафрлената топка од корнер.

Само 7 минути подоцна, стоперот на Дортмунд, Загаду направи катастрофална грешка, а искусниот Роберт Левандовски реагираше брзо и ладнокрвно, и зголеми на 2:0. Ова беше 200-ти погодок за Левандовски во Бундеслигата на 284 натпревари – само Герд Милер има подобар учинок 234.

До крајот на полувремето, играше само еден тим – Бајерн Минхен, и сосема заслужено зголемија на високи 4 – 0 со головите на Хави Мартинес во 41′ и Серџ Гнабри 43′.

Најверојатно гостите, на полувреме, се молеа да престане баварската машина со голови и што побргу да заврше кошмарот наречен Бајерн Минхен.

Во второто полувреме немаше поголеми возбудувања, а единствениот гол го постигна Левандовски во 89′, на одлична асистенција на Гнабри.

Бајерн Минхен го превзеде првото место од Борусија Дортмунд со 1 бод повеќе, на 6 кола до крајот на сезоната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *