Видео Германија
0 – 1 K. Coman (ас. S. Gnabry) 15′
0 – 2 K. Coman (ас. J. Kimmich) 41′
0 – 3 S. Gnabry (ас. T. Müller) 55′
D. Lukebakio (пенал) 89′ 1 – 3
1 – 4 L. Goretzka 90’+2

Баварците храбро чекорат кон историската 7-та титула по ред во Бундеслигата. Денес славеа рутинска победа од 1:4 на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф.

Главен херој беше младиот Кингсли Коман, кој му донесе водство на Бајаерн во 15-тата минута. На 4 минути до истекот на првото полувреме, Французинот зголеми на 0:2. Серџ Гнабри погоди во 55-тата минута за убедливо водство на гостите.

Доди Лукебакио постигна почесен гол за домакините во 89-тата минута, од пенал. А гостите постигнаа уште еден гол во судиското продолжение, Леон Горетцка погоди за конечни 1:4.

Бајерн Минхен се први со 67 бода, 1 повеќе од Борусија Дортмунд. Трката за титулата продолжува и во наредните 5 кола, а “Баварците” ги држат конците во свои раце.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *