Опсајд

Кевин Принс Боатенг помалку изненадувачки на прашање од новинарите кој е најдобриот фудбалер со кој играл, одговори дека тоа е Ибрахимовиќ, иако во моментов игра со Меси, кој беше прогласуван пет години за најдобар во светот.

Кога Боатенг премина на Камп Ноу, во медиумите се пишуваше дека тој е голем фан на Реал Мадрид и Роналдо. Боатенг тоа експресно го негираше и изјави дека отсекогаш бил фан на Барселона и дека според него Меси е најдобриот фудбалер.

Дали изборот на Ибрахимовиќ се должи поради тоа што Боатенг има многу повеќе минути изиграно со Швеѓанецот или навистина тој го смета Ибра за подобар од Меси, тоа го знае само тој.

Боатенг и Ибрахимович беа едни од клучните играчи во сезоната 2010-2011 кога Милан го освои Скудетото. Тоа беше последниот трофеј на Милан во Серија А. Оттогаш до сега Јувентус има целосна доминација и 7 последователни титули.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *