Германија
Paco Alcacer

Во пресрет на дуелот со Бајерн Минхен, главниот ривал за титулата, “милионерите” не може да сметаат на Пако Алкасер, Рафаел Гереро, Кристијан Пулишиќ, Ашраф Хакими и Максимилијан Филип.

Тимот на Лусиен Фавр ќе биде значително ослабнат, и најверојатно нерешен резултат ќе биде исто како победа, бидејќи Борусија Дортмунд има предност од 2 бода, на само 7 кола до крајот на Бундеслигата.

Борусија последен пат ја освои лигата во 2012 година под водство на Јирген Клоп, а од тогаш наваму Баварците се неприкосновени во Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *