Англија Опсајд
Maurizio-Sarri-Eden-Hazard

Sвездата на Челси, Еден Азард направи блиц интервју за белгискиот HLN, во кое одговори на многу прашања од најразлични теми, каде имаше и доста незгодни прашања каде требаше да избере една од две понудени опции.

– Дали би ли искал да си брат ти на еден ден?

– Би сакал да бидам брат ми на повеќе денови. Торган е многу добар човек.

– А ако беше Кристијано Роналдо за еден ден?

– О, да, би било фантастично да го достигнам неговото одлично ниво. Мислам дека тоа би било интересно.

– Не сакаш да помагаш во одбраната?

– Точно е, не ми се допаѓаат дефанзивните обврски.

– Претпочиташ пиво или вино?

– Ако требва да избирам, би рекол пивото. Но ми се допаѓа и доброто црвено вино.

– Можеш ли да изeдеш три хамбургера за вечерa?

– Само ако се мали.

– Имаш ли пушено некогаш?

– Да, како тинејџер.

– Тотенхем или Арсенал?

– Еееех! Како мал, бев голем фан на Тиери Анри, така да…

– Реал Мадрид или Барселона?

– Два огромни клуба (намигнувајќи).

– Лил или ПСЖ?

– Лил, се разбира.

– Килијан Мбапе или Нејмар?

– Ако треба да избирам, би рекол Мбапе, но тоа е само затоа што го познавам многу добро.

– Би ја завршил ли кариерата во МЛС?

– Не. Работите секогаш може да се сменат, но се сомневам дека некогаш ќе играм таму.

– Дали би се вратил во Белгија за крајот на кариерата си?

– Секогаш сум велел дека сакам да се пензионирам во Белгија, но мислам дека има уште многу време за тоа.

– Дали би сакал да имаш Ферари?

– Не, воопшто. Порано имав Ферари…

– Ќе ја освоиш ли Златнат топка еден ден?

– Да!

– Следиш ли политика?

– Не, воопшто. Немам интерес за политика.

– Значи случајот со Брегзит не те интересира?

– Напротив. Тоа е тема, за која навистина ми е грижа. Најмногу поради тоа што тоа засега многу служители на Челси. Сум зборувал со многу, луѓе од тимот, за тоа и ме интересира што ќе се случи.

– Дали си романтичен?

– Да! Редовно и носам цвеќиња на мојата сопругата, но не секој ден.

– Имаш ли удрено некого?

– Не. Но сигурен сум дека сум имал мали тепачки со браќата ми, Торган и Килијан. Но по детството, немам удрено никого.

– Најдобар си, кога играш како лажна деветка?

– Понекогаш, но не мора да значи.

– Никој не може да ти ја протне топката меѓу нозете за време на тренинг или натпревар?

– О, да, можат. Соиграчите од Челси имаат пробувано на тренинг, и неколку пати им има успеано.

– Ако Роберто Мартинес беше селектор на Евро 2016, ќе беше ли Белгија шампион?

– Не.

– Добар ли си на голф?

– Абсолутно не. Воопшто не ме бидува за голф.

– Сакаш ли игри со карти?

– Ми се допаѓаат игрите со карти, но не сум добар.

– Дали би играл, некој ден, во Кина?

– Не, воопшто.

– Кој е поголем инает од тебе и жена ти?

– Не сум инает.

– Ќе играш ли на 35 години?

– Тоа се само уште 7 години, така да не би требало да е премногу тешко.

– Сакаш ли следниот национален селектор да е Белгиец?

– Немам ништо против. За имиџот на националниот тим тоа е подобро, но ако може повторно да најдат добар странец, би бил задоволен.

– Ќе ја освои ли Барселона Лигата на шампиони годинава?

– Не ја исклучувам од трката, но како што знаеме Кристијано Роналдо освојува, во просек, секоја втора сезона, мислам дека ќе биде тешко.

– Марбеја или Лондон?

– Лондон.

– Сината на Челси или белата на Реал Мадрид?

– Сината!

– Жозе Мурињо или Рафаел Бенитес?

– Мурињо.

–  Точен си или доцниш?

– Секогаш сум на време, никогаш не доцнам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *