Англија

Денес во 16:00 часот четири натпревари беа на програмата во Премиер Лигата.

0 – 1 D. Gosling (ас. C. Wilson) 33′
0 – 2 R. Fraser (ас. C. Wilson) 55′
0 – 3 D. Brooks (ас. R. Fraser) 74′
0 – 4 C. Wilson (ас. R. Fraser) 82′
0 – 5 J. Stanislas (ас. D. Brooks) 90’+2

Брајтон не успеа да пружи отпор на расположениот Бурнмут и на домашен терен изгуби 0-5. Бурнмут доминираше во текот на целиот натпревар и заслужено стигна до победата.

C. Wood (ас. D. McNeil) 31′ 1 – 0
C. Wood 90’+2 2 – 0

Кардиф со победа можеше да се приближи на 2 поени до Брајтон, но ниту “сините птици” од Велс не успеаа да стигнат до поволен резултат и беа поразени со 2-0 од Барнли, преку двата гола на Крис Вуд.

T. Cairney (ас. R. Babel) 46′ 1 – 0
R. Babel (ас. A. Mitrović) 69′ 2 – 0

Фулам конечно ја прекина низата од 9 порази во низа во Премиер Лигата, победувајќи го Евертон кој имаше претходно нанижано 3 победи во низа против тешки противници – Челси, Вест Хем и Арсенал. Овој резултат е само уште еден пример за непредвидливоста која е присутна во Премиер Лигата.

N. Redmond (ас. J. Sims) 2′ 1 – 0
1 – 1 W. Boly (ас. João Moutinho) 28′
N. Redmond (ас. D. Ings) 30′ 2 – 1
S. Long (ас. M. Yoshida) 71′ 3 – 1

Во четвртиот меч од овој термин, Саутемтпон беше поуспешен од Волвс и славеше на домашен терен со 3-1.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *