Видео Италија
Moise Kean, Juventus
0 – 1 K. Piątek 39′
P. Dybala (PG) 60′ 1 – 1
M. Kean 84′ 2 – 1

“Росонерите” поведоа со голот на Кристоф Пјатек во 39-тата минута. Новиот напаѓач се покажува како одлично засилување за Милан, постигнувајчи 9 гола на 12 натпревари, или вкупно 22 во Серија А.

Јувенту се разиграа во второто полувреме, а резултатски се вратија во 60-тата минута со голот на Дибала од пенал. Моис Кин влезе во 66-тата минута на местото на, стрелецот на голот, Дибала, и погоди во 84-тата минута за пресврт на “старата дама”.

Одличниот 19-годишник има 5 гола на 7 натпревари, од кои само на 2 бил стартер. Јувентус нема потреба да бара замена по пензионирањето на Роналдо и Манџукиќ, бидејќи во Кин има одличен напаѓач, кој може само да се подобрува.

На Јувентус му треба уште една победа за да официјално ја освои Серија А, а тоа може да го стори на гостувањето кај СПАЛ, следната сабота, и тоа на 6 кола пред крајот на сезоната.

Милан останува четврти, но има само бод предност во однос на Аталанта, која утре му гостува на третопласираниот Интер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *