Трансфери Шпанија
Filipe Coutinho

Крилото на Барселона, Филипе Кутињо сака да го напушти клубот на крајот на сезоната. Бразилецот ова го споделил со колегите од репрезентацијата за време на националната пауза.

“Размислувам да ја напуштам Барселона. Знам дека тоа е тешко решение, и нема никако да е лесно, но мислам дека тоа е најдоброто за мојата кариера”, изјавил Кутињо.

Бразилецот добива мала минутажа и никако не успева да се наметне на тренерот Ернесто Валверде. Доколку биде ставен на трансфер листата, сигурно ќе има многу кандидати. Се верува дека главни конкуренти за неговиот потпис ќе бидат екипите на Манчестер Јунајтед, Арсенал и Пари Сен Жермен.

26 годишниот Кутињо пристигна на Камп Ноу 2018 година, за време на зимскиот преоден рок, а за неговите услуги Барселона искешира огромни 120 милиони евра на Ливерпул.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *