Англија Видео
Mohamed Salah, Liverpool
S. Mané (ас. J. Henderson) 51′ 1 – 0
Mohamed Salah (ас. V. van Dijk) 53′ 2 – 0

“Црвените” од Енфилд го совладаа Челси, на домашен терен, по цели 6 години, но поважно е што ги освоија трите бода и се враќаат на врвот на Премиер лигата.

Првото полувреме беше без поголеми возбудувања. Домакините ја имаа иницијативата, но без поголеми шанси. Во второто полувреме, Ливерпул го “реши” Челси за 2 минути. Прво погоди Мане во 51-та минута, на одлична асистенција на Џордан Хендерсон, а потоа Мохамед Салах постигна прекрасен гол од далечина.

Челси веднаш притисна и направи неколку одлични прилики. Азар имаше 2 шанси за гол, но во првата ја погоди само стативата, а во втората Алисон беше на висина на задачата на голот на “црвените”.

Ливерпул повторно се први, со 2 бода повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар повеќе. Челси остануваат четврти, но со натпревар повеќе од Манчестер Јунајтед и два повеќе во однос на градскиот ривал Арсенал. Премиер лигата никогаш не била толку неизвесна – борбата за титулата и топ 4 е тотално неизвесна на само 4 кола до крајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *