Трансфери
Memphis Depay

Четири години по неуспехот да го донесе од ПСВ, Ливерпул повторно се интересира за услугите на Мемфис Депај, тврди “Mirror”. Во 2015 “црвените” беа меѓу фаворитите за потписот на Холанѓанецот, но Манчестер Јунајтед во последен момент го “украде” крилото на ПСВ со понуда од 30 милиони евра.

Во својата едногодишна авантура на Олд Трафорд, Депај постигна само 2 гола на 29 натпревари, со што не ги оправда очекувањата, и беше продаден на Лион за 16 милиони евра следното лето.

Според “Mirror”, 25-годишниот Депај повторно е на радарот на Ливерпул. “Црвените” се внимателни со ситуацијатана на, еден од клучните играчи, Садио Мане кој е трансфер цел на Реал Мадрид. На Енфилд немаат намера да се разделат со одличниот Сенегалец, но сакаат да бидат подготвени во случај и играчот да покаже интерес за трансфер. Од тимот, редовно ги следат игрите на Депај во француската Лига 1.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *