Англија
P. Pogba (пенал) 19′ 1 – 0
1 – 1 Felipe Anderson (ас. M. Lanzini) 49′
P. Pogba (пенал) 80′ 2 – 1

Очекувано денес Манчестер Јунајтед се помачи на домашен терен против Вест Хем, тим кој секогаш знае да биде незгоден.

Натпреварот почна добро за “црвените ѓаволи” кои поведоа во 19′, преку Погба, кој успешно реализираше од белата точка.

Гостите го почнаа одлично второто полувреме и веќе во 49′ изедначија преку Фелипе Андерсон, кој конечно го прекина постот од 11 натпревари без погодок.

Овој погодок како да го крена моралот на “чеканите” и тие тргнаа уште похрабро кон голот на Давид де Хеа. Нововлезениот Антонио беше најопасен на теренот и во 76′ ја погоди пречката, додека во 78′ биеше одлично со глава, но де Хеа успеа да одбрани со крајни напори.

Во 80′ Фредерикс го собори Марсиал во шеснаесетникот и судијата оправдано досуди пенал, а Погба и по втор пат биеше неодбранливо, за конечни 2-1 за Манчестер Јунајтед.

Со оваа тешко извојувана победа, Манчестер отиде на петата позиција, со еден поен повеќе од Арсенал, но “топџиите” имат еден натрпевар помалку.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *