Англија Видео
0 – 1 R. Sterling (ас. K. De Bruyne) 15′
0 – 2 R. Sterling (ас. L. Sané) 63′
L. Milivojević 81′ 1 – 2
1 – 3 Gabriel Jesus (ас. K. De Bruyne) 90′

Манчестер Сити се врати на првото место во Премиер лигата со 83 бода, 1 повеќе од Ливерпул. И двете екипи имаат одиграно ист број натпревари (33) што значи дека тимот на Пеп Гвардиола, во следните 5 натпревари, ја има судбината во свои раце.

“Граѓаните” имаа рано водство со голот на Рахим Стерлинг во 15-тата минута. Англичанецот зголеми на 0:2 во 63-тата минута. Србинот Лука Миливојевиќ погоди во 81-та минута и ја врати неизвесноста до крајот на натпреварот. Резервистот Габриел Жезус, со гол од офсајд, ги постави конечните 1:3.

Денес на програмата во Премиер лигата останува дербито меѓу Ливерпул и Челси во 17:30 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *