Италија Трансфери
Mauricio Pochetino

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино може да го превземе тренерското столче на Милан летово, соопштува “Кориере дела Сера”. 47-годишниот Почетино е цел број 1 за нов тренер на Милан, бидејќи новиот извршен директор на “росонерите” – Иван Газидис добро го познава од времето на градски ривали со Арсенал.

Милан е четврти во Серија А, но освои само 1 бод на последните 3 натпревари и ризикува да го загуби местото во Лигата на шампиони ако серијата на негативни резултати продолжи.

Почетино има договор со Тотенхем до летото на 2023 година, а иннтерес за него имаше претходно од страна на Реал Мадрид, но “кралевите” се решија за Зидан. Тимот од Североисточен Лондон е трети во Премиер Лигата и води слична битка како Милан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *