Видео Италија
Kalidou Koulibaly, Napoli
0 – 1 K. Koulibaly (ас. D. Mertens) 15′
0 – 2 A. Milik (ас. P. Zieliński) 64′
0 – 3 K. Koulibaly 81′
B. Cesar (ас. S. Kiyine) 90′ 1 – 3

Наполи го победи Киево Верона со убедливи 1:3 во натпревар кој не значи речиси ништо за двата клуба. Главен јунак на натпреварот беше стоперот Калиду Кулибали кој биеше прецизно двапати од нафрлени топки од корнер.

Наполи го отвори резултатот во 15-тата минута со голот на Кулибали од корнер, на асистенција на Дриес Мертенс. Резултатот остана 0:1 на полувреме.

Полскиот напаѓач Аркадиуз Милик погоди во 64-тата минута за водство на Наполи од 0:2, а Сенегалецот Кулибали погоди, во 81-та минута, повторно од корнер за убедливо водство од 0:3.

Словенскиот дефанзивец Боштјан Цезар погоди, во последната минута од мечот, за почесен гол на домакините.

Наполи е втор со 67 бода, 17 помалку од лидерот Јувентус кој ќе треба да чека следното коло за официјална прослава на титулата. Киево Верона е апсолутен аутсајдер, на последното место на табелата, со само 11 бода на 32 натпревара.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *