Видео Опсајд

На вчерашното дерби во Бирмингем меѓу Бирмингем Сити и Астон Вила, навивач на Бирмингем влезе на теренот и го удри во лицето Џек Грилиш, “десетката” на Астон Вила.

Овој инцидент се случи во десетата минута, а веднаш навивачот на “сините” беше опкружен од обезбедувањето, но и од соиграчите на Грилиш кои сакаа да се пресметаат со насилникот.

За среќа овој удар не предизвика никаков посериозен проблем за Грилиш, па тој успеа и да го реши натпреварот со погодок во 67′, за победа на Астон Вила од 0-1.

Навивачот на Бирмингем беше веднаш приведен од полицијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *