Видео Италија
D. Mertens 34′ 1 – 0
1 – 1 D. Lazović 45’+3

Џенова извади бод на гостувањето кај Наполи, благодарение на нашиот Пандев кој асистираше феноменално на погодокот на Дарко Лазовиќ во судиското продолжение од првото полувреме.

Нашиот Горан Пандев беше стартер, по подолго време, и возврати со асистенција за довербата на Чезаре Прандели.

Домакините имаа играч повеќе од 28-та минута, кога Стефано Стураро заработи директен црвен картон поради остриот старт над Алан. Наполитанците, ја искористија предноста од играч повеќе, само 6 минути подоцна, кога Дриес Мертенс погоди од далечина.

Џенова израмни во 3-тата минута од судиското продолжение, со голот на Дарко Лазовиќ кој одлично шутираше на волеј на топката “со очи” од Горан Пандев.

Џенова освои важен бод во битката за опстанок. Сега имаат +7 бода од опасната зона на 7 кола до крајот на сезоната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *