Опсајд
real madrid

Шпанските гиганти го поминаа Манчестер Јунајтед на врвот на листата клубови со најголема заработка. Европскиот и светски шампион, Реал Мадрид направи приходи од 750.9 милиони евра во изминатата сезона.

Веднаш за Реал Мадрид е вечниот ривал Барселона, со 690.4 милиони евра. Досегашниот лидер Манчестер Јунајтед веќе е на третата позиција со 666 милиони евра.

Во топ 5 влегоа и Бајерн Минхен и Манчестер Сити. Во топ 10 има вкупно 6 клуба од Премиер лигата, што е и рекорд. Моменталниот лидер во Премиер лигата, и минатогодишен европски вицепрвак, Ливерпул забележи скок од 2 места, и има најголем прогрес во однос на пораст на приходите.

Во прилог погледнете ја листата со топ 20 најпрофитабилни клубови во светото за последните 2 години, т..е 2017/18 и 2016/17.

Најпрофитабилни клубови во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *