Видео Шпанија
Karim Benzema
J. Silva (ас. M. Braithwaite) 45′ 1 – 0
1 – 1 K. Benzema 51′

Реал Мадрид не успеа да го победи Леганес во градското дерби од 32-то коло од Ла Лига. Средбата на “Естадио Бутарке” заврши 1:1, со што домакините може да се пофалат дека немаат пораз на свој терен од топ 5 екипите во првенството.

Домакините поведоа, во последната минута од првото полувреме, со голот на Џонатан Силва, а гостите израмнија во 51-та минута со голот на Карим Бензема.

Тимот на Зинедин Зидан има негатива од 4 бода од градскиот ривал Атлетико Мадрид, во единствената си цел – второто место или пласман пред Атлетико.

Домакините може да бидат спокојни за место во шпанската елита, бидејќи со бодот против големиот Реал, се искачија на солидното 12-то место, или +9 бода од опасната зона.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *