Видео Германија
J. Sancho (ас. M. Götze) 17′ 1 – 0
J. Sancho (ас. T. Delaney) 24′ 2 – 0
2 – 1 R. Quaison 83′

Борусија Дортмунд успеа да стигне до мошне важна победа против Маинц, благодарение на погодоците на 19-годишниот Џејдон Санчо.

“Милионерите” одлично влегоа во натпреварот и поведоа во 17′ преку Санчо, а веќе во 24′ истиот играч зголеми на 2-0.

Во второто полувреме “милионерите” успеаа да ја имаат контролата над резултатот се до 83′, кога Кваизон погоди за Маинц и за намалување на разликата на 2-1.

За среќа на Дортмунд, Маинц не успеа целосно да изедначи и на крај “милионерите” ги добиваат сите 3 поени.

Со новата победа, Дормтунд го помина Баерн и сега е на чело на табелата со 66 поени, но и еден натпревар повеќе од “баварците”. Баерн Минхен својот натпревар го игра утре, на гости, против Фортуна Дизелдорф.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *