Видео Опсајд
emirates-real-madrid-club-world-cup-abu-dhabi-3

Рафаел Варан првпат летал со авион на свои 3 месеци, и тоа на островот Мартиник на Карибите, а омилени стадиони му се Сантијаго Бернабе и Сигнал Идуна Парк. Омилен натпревар на Серхио Рамос на Светско првенство е финалето против Холандија (чудно нели).

Герет Бејл за Божиќ е со фамилијата, впрочем тоа е и единственото нешто што успеа да го каже на шпански, а останатите фудбалери на Реал Мадрид нескриено се подбиваат со неговиот шпански.

Омилени места на Каземиро , од турнеите со Реал Мадрид, се Лос Анџелес и Мајами. Марсело сака сок од грозје, а во слободно време чита книги, разговара со луѓе (или по наше оди на кафе), и најмногу од сè сака да гледам серии.

Лука Модриќ призна дека не бил на Малдивите, и според искуството на жена му, би сакал да ги посети што побргу.

Главни идоли, како дете, на Серхио Рамос биле Паоло Малдини и Роналдо (ел феномено), а Лука Модриќ го пецна дека затоа сака да се приклучува на нападите на Реал Мадрид.

Во прилог погледнете го целото видео со шегите меѓу фудбалерите на Реал Мадрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *