Видео Шпанија
Real Valladoid - Sevilla
0 – 1 Roque Mesa 84′
0 – 2 Munir 90’+2

Андалузијците славеа тешка победа на гостувањето во Ваљадоид, со 2 гола во самата завршница од натпреварот, и се доближија само на бод негатива од четвртиот Хетафе.

За 2 седмици следува директен дуел меѓу Хетафе и Севиља, што може да смени многу работи во борбата за 4-тата позиција во Ла Лига, каде не ја исклучуваме и Валенсија која е на -4 од Хетафе.

Роке Меса постигна прекрасен гол во 84-тата минута, за толку посакувано водство на Севиља, а Мунир Ел Хадади зголеми на 0:2 во судиското продолжение.

Тимот на Севиља имаше иницијатива цел натпревар, но се мачеа да постигнат гол. Во 10-тата минута Габриел Меркадо ја погоди пречката од еден центаршут во шеснаесетникот. Во 34-тата минута Бен Једер погоди, но голот беше поништен поради претходен фаул над Франк Васкес.

Во 50-тата минута Бен Једер пропушти огромна шанса за гол – биеше на празна мрежа, а ја испрати топката во публиката. Домакините можеа да ја казнат Севиља во 69-тата минута, но Хуан Сориано беше на висина на задачата.

Во 80-тата минута, Капарос го пушти во игра Роке Меса, кој веднаш ги оправда очекувањата со мајсторски погодок во 84-тата.

Во судиското продолжение, напаѓачот од школата на Барселона, погоди за конечни Ваљадоид 0 : 2 Севиља.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *