Видео Италија
0 – 1 M. Kean (ас. João Cancelo) 30′
K. Bonifazi (ас. P. Schiattarella) 49′ 1 – 1
S. Floccari 74′ 2 – 1

Јувентус загуби на гостувањето кај СПАЛ и покрај водството на полувреме. Домакините ја подолжуваат одличната форма и веќе сè посигурно е дека и следната година ќе играат во Серија А.

Гостите одмораа повеќе клучни играчи за реваншот против Ајакс во Лигата на шампиони. Во составот не беа главните напаѓачи Кристијано Роналдо и Марио Манџукиќ, а Бонучи беше на клупата за резерви.

Јувентус поведе во 30-тата минута со голот на тинејџерот Моис Кин, кој не престанува со одличните партии. Младиот напаѓач е огромно изненадување на Апенините, и веќе има завидли 6 гола на само 304 минути одиграни, што значи гол на секои 50-ина минути.

СПАЛ изедначи со голот на Бонифаци во 49-тата минута, а победата ја донесе Флокари во 74-тата минута.

Доколку Наполи не победи на гостувањето кај Киево Верона, Јувентус ќе го освои, и на хартија, осмото по ред Скудето.

СПАЛ се 13-ти, и со новата победа имаат 7 бода предност во однос на опасната зона, што значи дека клубот од малото гратче Ферара, сè поверојатно и догодина ќе игра во Серија А.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *