Франција
Strasbourg - Guingamp

Тимот на Страсбург го освои Лига купот на Франција, во помалку здодевен натпревар, против Гингамп кој заврши 0:0 во регуларното време. На продолженијата од по 15 минути не се случи ништо посебно, а победникот се решаваше на пенал рулет. Страсбург беа попрецизни во изведувањето пенали, и славеа со вкупен резулат 4:1.

Ова е четврти трофеј за Страсбург во Лига купот на Франција. Претходно славеа во 1964, 1997 и 2005 година. Исто така, тимот од источна Франција стави крај на серијата од 5 последователни трофеи за Пари Сен Жермен. Згора на сè, Страсбург се квалификуваа и во Лига Европа освојувајќи го домашниот куп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *