Франција
thomas-tuchel-edinson

Тренерот на Парис Сен Жермен, Томас Тухел го изрази незадоволството и загриженоста од фактот што за гостувањето кај Манчестер Јунајтед во вторникот, најверојатно нема да може да смета на 3 клучни играчи. Големата ѕвезда Нејмар сигурно отсуствува поради повреда. Единсон Кавани го напушти принудно теренот на вчерашната победа од 1:0 против Бордо, а Марко Верати исто така е под голем прашалник.

“Имавме многу планови “Б”. Но без Нејмар, и можеби Марко и Единсон, веќе имаме потреба од план “Д”. Не може да мислам за толку многу различни планови предвремено. Треба да го анализираме Јунјатед и да останеме спокојни и самоуверени. Мислите ми се јасни: за натпревар против Јунајтед, Ливерпул или дури Црвена ѕвезда, имаш потреба од клучните играчи, кои имаат самодоверба, искуство и класа, кои се навикнати да играат такви натпревари и големи дуели, и знаат да се справат со голем притисок. Но ако неколку клучни фудбалери отсуствуваат, наша обврска е да најдеме решение. Вакви дуели се тешки и кога го имате најдобриот состав на располагање, а во ваква ситуација работите се навистина многу посложени, но мислам дека до вторник ќе го имаме планот “Д” ” – изјави Тухел по натпреварот со Бордо.

Пред назначувањето на Солскјер за менаџер на “црвените ѓаволи” и сите повреди кои го снајдоа ПСЖ, очигледно беше дека парижани беа голем фаворит, но за само 2 месеци работите се сменија драстично и слободно може да кажеме дека Манчестер Јунајтед е во пол-позиција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *