Шпанија
Ernesto Valverde, Barcelona

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде одби да ги коментира гласините за трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, во пресрет на дуелот меѓу лидерот Барселона и второпласираниот Атлетико.

“Сакам нашите фанови да нè подржуваат и да се фокусираат на нас, а не на играчите на други тимови. Не ми се допаѓа и кога нè исвиркуваат. Тоа значи дека фановите даваат поголемо значење на противникот, а не на својот тим. Секој играч може да одлучува за својата иднина. Гризман е одличен фудбалер, ние сме свесни за тоа, но нема ништо повеќе. Јас сум тренер на Барселона и не сакам да зборувам за фудбалери на други тимови.”, изјави Валверде

“Исто така не би ми се допаднало ако тренерите на другите тимови ги коментираат моите играчи. Тоа е работа на респект”, заврши Валверде.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *