Трансфери
Zinedine Zidane

Староновиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги одредил двете оснонвни трансфер цели, кои ќе бидат главна задача на раковдството на тимот летово. Според весникот АС, тоа се големите премиерлигашки ѕвезди Еден Азар и Пол Погба. Весникот посочува дека првично најголема желба на фанцузинот бил, неговиот сонародник, Килијан Мбапе, но од францускиот шампион се категорични дека напаѓачот не заминува никаде.

Ситуацијата со Еден Азар, на прв поглед, изгледа поедноставна – Белгиецот има договор со Челси до јуни 2020 што значи неговата цена на трансфер пазарот паѓа, но проблем би претставувала забраната за трансфери на “сините” што значи дека и за поголема сума пари тешко би се откажале од главниот играч.

Што се однесува на Погба, Манчестер Јунајтед не сака да се раздели со главниот играч, кој се покажа во вистинско светло по доаѓањето на Солскјер на менаџерската позиција. Но Французинот, неодамна изјави дека секому би му била чест да игра за Реал Мадрид, изјава што ги разбранува работите кај “црвените ѓаволи”. Реал Мадрид би можеле во понудата да го вклучат Гарет Бејл или Тони Крос, што може да ја направи понудата попримамлива за Манчестер Јунајтед.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *