Челси е многу близу до ангажман на голманот на Рен, Едуард Менди, тврди Скај Спорт. 28-годишниот голман, кој ќе се натпреварува за почетното место со Кепа Арисабалага и Вили Кабејеро, ќе стане осмото ново засилување на Френк Лампард ова лето.
Пред него, лондончани се засилија со Хаким Зијеч, Тимо Вернер. Шавиер Мбујамба, Бен Чилвел, Тијаго Силва, Маланг Сар и Каи Хаверц.
Менди не тренираше утрово со Рен, иако неговиот тим утре игра со Ним. Сепак, тој беше во базата на клубот со своите претставници, за да го извести раководството за неговата желба да се пресели во Челси.
Доколку се случи трансферот, Менди ќе го повтори потегот на Петр Чех, кој се пресели на Стемфорд Бриџ од Рен летото 2004 година. Чехот во моментов е технички директор на лондончани.