0 – 1 | 13′ L. Ocampos (пенал) | |
L. Goretzka 34′ (асистент R. Lewandowski) | 1 – 1 | |
Javi Martínez 104′ | 2 – 1 |
Бајерн Минхен продолжи да акумулира трофеи. Баварците го освоија Суперкупот на Европа по втор пат во својата историја, откако ја совладаа Севиља со 2-1 на Арената Пушкаш во Будимпешта.
Шпанците беа сериозен противник, и долго време го мачеа тимот на Ханс Флик, но тој успеа да надвладее по продолженијата. Во регуларното време натпреварот заврши 1: 1.
Андалузијците први поведоа, откако Окампос погоди од пенал во 13-та минута. Леон Горецка изедначи во 34-та. Во второто полувреме беа поништени два гола на Баерн, а Севиља пропушти голема шанса на крајот од мечот. Капитенот Мануел Нојер беше спасител на баварците, на само 5 минути до крајот.
Резервистот Хави Мартинес беше херојот на Германците. Шпанецот влезе од клупата во 99-та минута, а по 5 минути погоди со глава, за конечни 2:1.
Откако Бајерн стигна до тројка на крајот од минатата сезона, сега успешно го поставија и шлагот на тортата, со трофејот од Суперкупот на Европа. Избраниците на Ханс Флик ја забележа 23-та последователна победа.