H. Lozano 10′ (асистент D. Mertens) | 1 – 0 | |
P. Zieliński 46′ (асистент V. Osimhen) | 2 – 0 | |
D. Mertens 57′ (асистент P. Zieliński) | 3 – 0 | |
H. Lozano 65′ (асистент D. Mertens) | 4 – 0 | |
E. Elmas 69′ (асистент E. Hysaj) | 5 – 0 | |
M. Politano 72′ (асистент G. Di Lorenzo) | 6 – 0 |
Екипата на Наполи оствари втора последователна победа во новата сезона во италијанската Серија А, откако лесно ја совлада Џенова со високи 6-0 на Сан Паоло.
Играчите на Наполи се забавуваа на теренот и не го штедеа противникот, кој има проблеми со КОВИД-19. Единствената непријатна работа за тренерот на домашниот тим Џенаро Гатузо е што Лоренцо Инсиње го напушти теренот со повреда, по само 22 минути игра.
Во првото полувреме, Наполи постигна само еден погодок – на Ирвинг Лосано во 10-та минута, кога го искористи додавањето на Дрис Мертенс.
По паузата, играта се вртеше околу голот на Џенова. Секунди по стартот на второто полувреме, Пјотр Жиелински беше прецизен за 2: 0. Во 57. Мертенс погоди за убедливи 3-0, а потоа во 65. Лосано по вторпат се запиша на листата стрелци. Нашиот Елиф Елмас, кој го замени Инсиње, зголеми на 5-0 во 69 минути игра, на асистенција на Елсеид Хисај, а по три минути, конечните 6:0 ги постави Матео Политано.
Нашиот капитен, Горан Пандев влезе во игра во 55-та минута, на местото на Словенецот Миха Зајц.