J. Veretout (пенал) 31′ | 1 – 0 | |
1 – 1 | 44′ Cristiano Ronaldo (пенал) | |
J. Veretout 45’+1 (асистент H. Mkhitaryan) | 2 – 1 | |
2 – 2 | 69′ Cristiano Ronaldo (асистент Danilo) |
Рома пропушти победа против актуелниот италијански шампион, кој го заврши натпреварот со играч помалку, бидејќи Рабио заработи втор жолт картон во 62-та минута.
Домаќините од Рим поведоа први, со гол на Верету, од пенал, во 31-та минута. Во завршницата од првото полувреме Роналдо изнуди пенал, а Португалецот сам го реализираше истиот, за 1:1.
Само минута подоцна, Рома направи одличен контра-напад, а Верету беше стрелец по вторпат.
Во второто полувреме “старата дама“ остана со играч помалку, поради црвениот картон на Рабио. И покрај тоа, Јувентус стигна до второ израмнување. Роналдо беше највисок во петерецот на Рома, биеше одлично со глава, за 2:2.
До крајот на мечот Рома пропушти неколку солидни шанси за гол, поради што може да жали што не ги освои трите бода на дербито со Јувентус.