0 – 1 | 1′ R. Lukaku (асистент A. Hakimi) | |
0 – 2 | 25′ R. Gagliardini (асистент A. Young) | |
0 – 3 | 28′ R. Lukaku (асистент R. Gagliardini) | |
G. Caprari 34′ | 1 – 3 | |
1 – 4 | 42′ A. Hakimi | |
1 – 5 | 71′ L. Martínez (асистент A. Sánchez) | |
G. Caprari 76′ (асистент G. Lapadula) | 2 – 5 |
Интер одигра уште еден натпревар во низа, полн со голови. “Нероазурите“ победија со 2:5 на гостувањето кај новопромовираниот Беневенто, и имаат максимален учинок по првите две кола.
За разлика од драматичната победа против Фиорентина (4: 3), овојпат тимот на Антонио Конте немаше такви грижи, против избраниците на Филипо Инѕаги. Поведе во 28. секунда по голот на Лукаку. Белгиецот погоди уште еднаш во 28. минута за 0: 3. Непосредно пред тоа, Галардини го постигна вториот гол на натпреварот. До паузата, двете екипи разменија по еден гол. Капрари погоди за домаќините и Хакими за Интер.
Во второто полувреме, резервистот Лаутаро Мартинес го постигна петтиот гол за гостите. Капрари ги постави конечните 2: 5 во 76-та минута.
Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!