C. Tolisso 18′ | 1 – 0 | |
T. Müller 32′ (асистент A. Davies) | 2 – 0 | |
2 – 1 | 39′ J. Brandt (асистент E. Håland) | |
2 – 2 | 55′ E. Håland (асистент T. Delaney) | |
J. Kimmich 82′ | 3 – 2 |
Бајерн Минхен стигна до петиот трофеј оваа календарска година, освојувајќи го германскиот Супер куп по осми пат – рекорд во Германија. Баварците со 3:2 ја совладаа Борусија Дортмунд, која со 6 титули е втора во ваквото рангирање.
Бајерн имаше солидна предност од 2:0, благодарение на головите на Толисо 18’ и Милер 32’. “Милионерите“ бргу се вратија резултатски во игра, со голот на Јулијан Брандт во 39-та минута.
По само 10 минути игра во второто полувреме, Ерлинг Холанд погоди за 2:2. Избраниците на Ханс Флик стигнаа до ново водство со голот на Кимих, на 8 миннути до истекот на регуларното време.
Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!