Играчот за врска Томас Парти веќе е играч на Арсенал откако клубот ја активираше неговата откупна клаузула од 50 милиони евра. Ова го призна Атлетико Мадрид, каде репрезентативецот на Гана играше во последните пет сезони.
Според официјалните информации, претставниците на Арсенал ги депонирале предметните 50 милиони евра точно во 23 часот и 28 минути, што е 32 минути пред затворањето на трансфер пазарот.
Welcome to the Partey! 🥳
— Arsenal (@Arsenal) October 5, 2020
👋 @Thomaspartey22#NoThomasNoPartey pic.twitter.com/009Er2kZBK
Во меѓувреме, Арсенал го испрати Лукас Тореира во спротивна насока, каде ќе биде позајмен на една сезона.
All the best, @LTorreira34 💪
— Arsenal (@Arsenal) October 5, 2020
Според правилата во Шпанија, секој фудбалер има откупна клаузула, чие активирање се врши со депонирање на износот во канцеларијата на Шпанската фудбалска федерација, со што се заобиколуваат преговорите со самиот клуб, кој ги има правата на играчот.