Последната “Златна топка“ на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“ дури и со намалена плата, пишува Марка. Актуелниот договор на 35-годишниот играч од средниот ред истекува на крајот на сезоната. Хрватот не ја крие желбата да ја заврши кариерата во Мадрид, каде стигна до европските височини.
Modric willing to take salary cut to extend Real Madrid contract -report https://t.co/q6u8sBXhKv pic.twitter.com/WOWjrdOrot
— Managing Madrid (@managingmadrid) October 7, 2020
По пандемијата, Лука го подигна своето ниво и повторно стана клучен играч во шемата на Зинедин Зидан. На последниот натпревар – во неделата против Леванте, Модриќ беше најпрецизен во додавањата од сите играчи од средниот ред на теренот. Од вкупно 54 пасови, 48 беа точни. Ова е точност од 88,9%, што е над онаа на Касемиро (80,4%) и Феде Валверде (81,4%).