0 – 1 | 56′ G. Pandev (асистент I. Nestorovski) |
Горан Пандев е херојот на Македонија. Нашиот капитен го постигна единствениот гол во Грузија, со кој обезбедивме историски настап прв настап на Европско првенство.
Во првото полувреме домаќините беа за нијанса подобри, но ние игравме смирено и без грешки. Затоа, во второто полувреме ги зедовме работите во наши раце, и по само 11 минути стигнавме до водство. Триото од Серија А Елмас-Несторовски-Пандев проигра одлично, а нашиот капитен со големо чувство ја смести топката во мрежата на Лорија.
🇪🇺 Euro #Pandev! 🇪🇺
— Genoa CFC (@GenoaCFC) November 12, 2020
🇲🇰 Goran scores and leads his country to UEFA Euro 2020. pic.twitter.com/z56tfeb28F
Нашата сениорска фудбалска репрезентација обезбеди деби пласман на Европското првенство, кое ќе се оддржи летото 2021 г. Ова е заслужена награда за целиот тим, а пред сè нашиот капитен Горан Пандев, кој сезонава ја продолжи професионалната кариера само поради одложеното Европско првенство. Секоја чест момци!!!