I. Trichkovski 29′ (асистент S. Spirovski) | 1 – 0 | |
1 – 1 | 52′ R. Sappinen (асистент M. Ainsalu) | |
V. Stojanovski 68′ (асистент E. Elmas) | 2 – 1 |
Македонија настапи со редуциран состав, во кој ги немаше Горан Пандев, Езѓан Алиоски, Аријан Адеми и Столе Димитриевски, кои беа првотимци во историската победа против Грузија. Сепак, избраниците на Игор Ангеловски ја оправдаа улогата на фаворит против Естонија, со победа од 2:1.
Резултатот го отвори Иван Тричковски, во 29-та минута, кој одлично реагираше во противничкиот шеснаесетник. Гостите израмнија со одличен гол на Сапинен. Нашите репрезентативци имаа иницијатива во остатокот од мечот, а дојдоа и до заслужен втор гол во 68-та минута. Стрелец беше нововлезениот Влатко Стојановски.
Гостите си одат со минимален пораз, благодарение на одличните одбрани на 18-от голман на Арсенал Карл Хајн.
Со победава го задржуваме лидерското место во групата 2 од Лигата Ц, на едно коло до крајот. Имено, ни преостанува гостувањето против Ерменија. Доколку го задржиме првото место, тоа би значел и пласман во Лигата Б.