Видео Франција
Nabil Fekir

Тимот на Монако продолжува да тоне. Играчите на Тиери Анри загубија со 0:2 како домакини од последниот Гингамп, во меч од 19-тото коло на францускиот шампионат.

Бретанците стигнаа до победата со головите во второто полувреме. Маркос Турам го отвори резултатот во 68-та минута, а 7 минути подоцна Нолан Ру зголеми на конечните 0:2.

Во таква ситуација, Монако останува во зоната на испаѓање со вкупно 13 бода. Гингамп, со 11 бода, остана на последната позиција и покрај победата, но сега е на само 2 бода разлика од Монако и 5 од безбедната зона.

ПСЖ минимално славеше против Нант, со голот на Килијан Мбапе во 68-та минута. Ова е важна победа за парижани, бидејќи имаат заостанат натпревар, а во однос на некои тимови дури и 2, така да важни се сите бодови, бидејќи ги очекува густ распоред понатаму.

20-годишниот Мбапе го постигна својот 13 погодок, со што изби сам на врвот на стрелци во Лига 1.

Во дербито на колото Монпеље и Лион одиграа 1:1. Тимот на Лион поведе во 67-та минута со голот на Набил Фекир, а во 81-та минута домакините изедначија со погодокот на Рубен Агилар. Лион останува на 3-тата позиција со 32 бода, а Монпеље е 4, со 30 бода. На врвот на табелата е ПСЖ со 47 бода, а Лил второпласиран со 34.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *